Професорката Биљана Ванковска ја коментираше посетата на претседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева кај претседателот Стево Пендаровски.
Немаше да коментирам настан кој го сметам за тотално безначаен во морето многу драматични настани, но ме испровоцираа. Станува збор за посетата на Грчева на Пендаровски.
Мнозина ме прашуваа а и таа реагираше. Работите стојат вака: некој кој бојкотирал претседателски избори (заради Северна) и не го поддржа кандидатот на опозицијата, одеднаш прави salto mortale.
Прво, му дава легитимитет, и второ – чука на погрешна врата. Измените на Изборниот законик се во рацете на собранието и партиите, но никако во рацете на претседателот кој спиред устав не може ни да предложи закон.
Конечно, во време на замолчување на секоја слободна мисла, битката за статусот на малите партии е речиси исто така невкусен како договорите на мастодонт-партиите за нивната привилегирана положба во системот.
Вака не се гради “трета” опција (која е веќе компромитирана од Палчовци и слични), туку идејата се сведува на ситни партиски пазарења. Еј, и тоа со Стево!!!???”