Државната комисија за спречување на корупција уште еднаш повтори дека Зоран Заев не може истовремено да ги извршува функциите премиер и министер за финансии.
-Укажуваме дека со тоа ќе настане повреда член 44стев 1 и 2 од Законот за спpeчување кopупција и судирот на интереси со кој се забpaнува претседателот на Владата да биде и министер за финании, односно се укажува дека станува збор за нecпојливи функции, објасни претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска.
Антикорупциска бара да се поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети за случајот со дивопоставените платформи на Матка.
Откако пред неколку месеци случајот излезе во јавноста дека на Матка диво се поставуваат платформи, Беџети излезе со изјава дека општината ги разгледува барањата за легализација со што процесот се одолговлекуваше.
Како што велат од Комисијата, градоначалникот има кривична одговорност бидејќи не постапил иако имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација, бидејќи согласно законот платформи не можат да бидат легализирани.