Композиторот и музичар Златко Ориѓански, во свој коментар на социјалните мрежи се сомнева во автенстичноста на учеството на обвинителката Јанева во разговорот меѓу Боки 13 и Орце Камчев.
Не се секирај, се ќе биде во ред, е аматерски налепен глас земен од некој друг разговор. Секој ако барем малку работел аудио ќе препознае. Абе можевте да ми даете 100.000 евра, ќе ви го лицнев гласот, имаше да свети хахаха, пишува Ориѓански на социјалните мрежи.
Со соопштение се јавија и денес од СЈО односно го пренесоа мислењето на Катица Јанева
Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници.
Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители.
Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име.