6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Обратете внимание на ЕДЕН дел од телото, тој покажува колку долго ќе живеете

Бројот на забите кој некој ги загубил може да предвиди колку долго ќе живеете. Но, исто така, укажува и на болест која некој може да ја има или е подложен на истата.

Луѓето кои ги имаат своите заби до 74 години, може да доживеат и 100 години, покажа најновото истражување на оваа тема.

Оние кои до 65 години изгубиле пет или повеќе заби веројатно ќе патат од озбилни здравствени проблеми, како кардиоваскуларни болести, дијабетис и остеопороза.

Нормално, сето ова е поврзано со квалитетот на животот на поединецот и социоекономскиот статус, но и стресот пред се.

-Луѓето можат да загубат заб после стресен и трауматичен период, поради лоша орална хигиена, како и разни болести. Сето тоа може да биде поврзано со болести на срцето или дијабетис,- истакна доктор Нигел Картер за „Сан“.

-Ова истражување всушност покажува дека губењето заби е показател за лош квалитет на некој дел од човечкиот живот и има поголем ризик за здравствени проблеми,- додава Картер.

Стручњаците сметаат дека е неопходно да и наутро и навечер да се чистат забите, со паста со флуорид, како и намалување на користење на шеќер.

поврзани објави

Последни објави