Бранко Героски продолжува со своите одлични колумни и анализи, а денес обраќа внимание на тоа што би било, кога навистина би се оствариле пишувањата во некои портали, па тој и Милчин направат партија. Текстот е објавен на Плус инфо.
Една лажна вест, искреирана од пропагандата на Грнето Зоран Заев, а објавена од Капачето, за мене сосема неочекувано, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Велам неочекувано, бидејќи ударната тупаница на пропагандата на СДСМ пак никој не ја сфаќа сериозно, зашто постојано фабрикува лажни вести, за потоа, под закана од тужби, бесрамно да се извинува, како ништо да не било.
Да бидеме реални, лажната вест за која станува збор беше толку глупава, што навистина помислив дека не заслужува никаква реакција, дури ни обичен потсмев. Имено, бриферите на Капачето му рекле да ја „дисеминира“ шпекулацијата што и јас сум ја слушнал, дека наесен ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протести против Зоран Заев. И патем, за со еден куршум да се отепаат два зајака ако може, на Капачето му рекле да нѐ спомне Владе Милчин и мене, како идни водачи на протестите.
Сум слушнал дека кога му даваат вакви сложени задачи на уредникот на Мактел, за да не се утне работата, текстовите ги пишува еден од неговите двајца најблиски брифери – првиот е поврзан со пропаганднот штаб на Заев, а другиот директно со заменичката претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска.
Се разбира, двајцава брифери не комуницираат со своите извори на дневна основа (да не ги обвинуваме сега Зоки и Рада за сенешто), туку како шамани ги „читаат“ сигналите од врвот и ги преточуваат во нарачки. Арно ама, кога нарачките се важни и комплицирани (како оваа), тие обично не ги препуштаат на креацијата на недоветнот, туку самите ги пишуваат, а Капачето ги потпишува.
Така сум чул. Јас, како експерт, поранешен предавач по предметот Пишување и автор на три книги од областа, лесно можам да препознаам кога пишуваат бриферите, а кога му дозволуваат на Капачето да се искаже со свои зборови.
Овој пат несомнено дошол до израз талентот на уредникот на Мактел. Бидејќи му се причинило недоволно бомбастично мене и Милчин да нѐ прогласи само за водачи на некакви септемвриски протести, тој решил да ни додели и функции во ВМРО-ДПМНЕ.
Па така, тој првично тврди дека ние двајцата ќе сме биле кооптирани во Извршниот комитет нна партијата, како негови членови (обични членови, срам да му е!). Претпоставувам дека некој веднаш му се јавил на Капачето да му каже дека лагава е ептен провидна – навистина, тешко дека некој од Владе и од мене ќе направи вмровци – па уредников, во паника, прави нов лупинг и смислува една „пореалистична“ варијанта, според која Милчин и Геро прават нова партија. И тоа е лага, се разбира, но се проценило дека таа лага некако може и да мине.
Целата колумна прочитајте ја на ПЛУС ИНФО (линк)