6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Македонците од Австралија нема да го празнуваат денот на независноста

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн. Причината за ова е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија, пренесува МКД.мк.

Традиционално за 8. Септември Македонците тие присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн и велат дека оваа година дека ќе ја бојкотираат оваа церемонија ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш.

За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја. Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име.

„Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки“, велат Македонците од Мелбурн.

поврзани објави

Последни објави