11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев „крена раце“ од мажи: Три жени во битка за министерската позиција за финансии

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев веројатно веќе не може да ја исполнува максимално министерската позиција во ресорот финансии, па довербата ќе ја даде на жена. Ова го тврди Алсат-М, според кој дури три жени се во игра за оваа функција.

Владиниот кабинет ќе претрпи измени со назначувањето министерка за финансии. На чело на ова министерство, како што неофицијално дознава Алсат.

Во трката меѓу трите жена, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата Групер.

Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев.

Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

поврзани објави

Последни објави