Една мајка одлучила сама да креира приврзок кој прикажува како нејзиниот син ја запросил својата девојка, идентичен како на фотографијата кога тоа се случило.
Мислела дека прави нешто убаво, но поклонот на крај излегол грд и незгоден поради дизајнот. Фотографијата е објавена на инстаграм и истата има речиси 28.000 лајкови.
-Мојата свекрва мислела дека е добра идеја да направи скулптура од овој убав момент,- пишува во објавата.
Сликата прикажува фотографија на која маж клекнат пред својата жена и подарува прстен. Покрај неа се наоѓа и скулптурата. На фотографијата јасно се гледа како другата рака на човекот е потпрена на коленото, но при резбањето на скулптурата таа е направена неспретно и изгледа како машки полов орган, поради што скулптурата делува просто.
Повеќето корисници на Инстаграм се шегуваа на сметка на жената, како најпрво и не сфатиле за што станува збор, но подоцна е очигледно. Имаште и такви кои тврдат дека ова сепак е слатко и треба да биде прифатен подарокот.