Новоформираното македонско патриотско здружение „Тврдокорни“ кое се оградува од сите партии во Република Македонија и кое како што велат самите тие, е производ на пасивноста на сите наши партии кога се во прашање нашите државни и национални интереси повикува на „Марш за Македонија“.
„Трговија и уцени со Македонија НЕ!!!!!!!“, пишуваат „Тврдокорни“.
Маршот ќе почне во 17 часот од Соборната црква „Св. Климент Охридски“ и ќе се движи до Жена Парк, каде на споменикот на бранителите ќе биде положено цвеќе.