Во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје регистрирани се дури десет сообраќајни несреќи. Три од нив се со полесни повреди, додека седум поминале само со материјална штета.
Притоа сообраќајната полиција вчера санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 5 возачи поминале на црвено светло на семафор, додека уловени е еден возач кој управувал патничко моторно возило под дејство на алкохол, како и едно лице кое немало возачка дозвола.
Релативно доста работа имало и специјалното возило „пајак“ кое отстранило 69 возила.