Градот Кавадарци од пред неколку дена доби бочва како симбол на градот. Кавадаречката локална самоуправа и винарската визба “Тиквеш” поставија голема дрвена бочва на кружниот тек на влезот во градот од кај Росоман.
„Се работи за дрвена бочва за вино со капацитет од 9.000 литри, која ја донира винарницата „Тиквеш”, како симбол на градот и Тиквешијата. Самата бочва е тешка 2 тона и во неа може да се чуваат околу 9 илјади литри било какво вино. Бочвата е поставена на важна сообраќајница, на патот кон Росоман кој е дел од обиколницата преку која може да се патува кон Скопје или Прилеп“ – информираат од Службата за односи со јавноста при општината.
Оттаму додаваат дека оваа атракција е поставена по повод прославата на Денот на лозарите „ Свети Трифун” на 14. февруари.