Вчера претпладне, на улицата 34, кај местото Пуста Кула во населбата Илинден е пронајдено мртво тело на маж, по што веднаш било пријавено во полиција.
Од таму веднаш била испратена екипа на терен, како и јавен обвинител. Било утврдено дека мртвиот маж е Д.Д. (65) од село Трубарево, кое се наоѓа близу до локацијата каде е пронајден трупот.
Откако била констатирана смрт, јавниот обвинител издал наредба да биде извршена обдукција на телото, за да се утврдат причините за смртта, по што доколку има потреба, ќе продолжи истрагата од страна на полицијата.