6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Албанија ја поддржува идејата на Вучиќ за балканска царинска унија

Албанија го поддржува предлогот на српскиот премиер Александар Вучиќ за царинска унија на Балканот.

Овој став го изнесе албанскиот министер за финансии Арбен Ахметај, додавајќи дека за такво нешто била дадена иницијатива и од страна на албанскиот премиер Еди Рама.

-Тоа е идеја дадена и од премиерот Еди Рама во рамки на трговските олеснувања во западен Балкан. Тоа е иницијатива што доколку се случи ќе го фаворизира економскиот развој на регионот и привлекувањето странски инвестиции, изјави министерот Ахметај.

Царинска унија, значи сите балкански земји да функционираат како единствен економски блок, станувајќи единствен пазар, наведе албанскиот министер за финансии.

– Четирите економски слободи поврзани со пазарите, капиталот, луѓето и инвестициите, е многу значајно да се движат без бариери во оваа зона, смета албанската министерска за економија, Милва Икономи.

Освен политичарите, идејата наиде на подршка и од експертите, иако дел од нив сметаат дека реализацијата на овој проект е тежок процес.

-Создавањето царинска унија треба да го има во предвид постоењето и функционирањето на Косово како слободна и независна држава. Ова е предизвик што не само Србија, туку и други земји од регионот треба да го имаат во предвид за да се движат на повисоко ниво на интеграција, нагласува експертот Илир Цико.

поврзани објави

Последни објави