Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на сирискиот претседател Башар Ал Асад за ослободувањето на градот Алепо за време на телефонскиот разговор, соопшти Кремљ, цитиран од „sputniknews.com“. Во соопштението на прес – службата се вели дека претседателот Путин истакнал дека сега главна цел се напорите за постигнување на мир.
Тој инсистирал на тоа дека „во моментов најважно е да се фокусираме над проблемите во однос на тоа како да се постигне мирно решение“. Путин истакнал дека задачата ќе се исполни претежно со постигнување на договор за траен престанок на сириската криза.
Овој успех стана можен благодарение на заедничките напори на сите оние кои се обединија во борбата против меѓународниот тероризам, е цитиран рускиот претседател во пораката на Кремљ.
Само ден порано Сирискиот претседател Асад најави дека враќањето на целосната контрола врз Алепо е победа значајна за неговите руски и ирански сојузници, како и за неговата сопствена земја.
Уште на 15 Декември Асад го прогласи градот за ослободен и со извесни прекини, започна евакуацијата на цивили.