Самит на премиерите од земјите на Западен Балкан на 16 Март ќе се одржи во Сараево, а на кој што, според најавата, ќе присуствуваат премиерите на Србија, Црна Гора, Македонија и Косово, како и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и претставник на италијанската Влада.
Самитот ќе биде за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија и разговори за регионални проекти што се однесуваат на транспортна и енергетска инфраструктура, како и соработка во областа на младите и образованието.