Украден е лаптоп на агент на американските тајни служби, кои што го обезбедуваат американскиот претседател, јавија американски медиуми.
Во компјутерот имало детални планови на Трамп тауер, информации за истрагата за користењето приватен сервер на Хилари Клинтон и други материјали поврзани со националната безбедност, јави Еј-Би-Си повикувајќи се на извор во полицијата.
Во Трамп тауер се наоѓа централата на бизнис империјата на претседателот, таму и живеат членови на неговото семејство.
Весникот Њујорк дејли њуз објави дека компјутерот бил украден денеска од автомобилот на еден од агентите на Сикрет сервис во Бруклин.