fbpx
13.8 C
Skopje

Премиерот Зоран Заев наполни 44 години: Почастил торта, но дали дувал свеќички?

АКТУЕЛНО

Македонскиот премиер Зоран Заев денeска полни 44 години. Вработените во неговиот кабинет утрово ги почастил со торта, но не дувал свеќи. Дознаваме дека на денешната владина седница бил видно расположен. „Постојано му пристигнуваа пораки, му честитаа и од дома и од странство“, открија од неговиот кабинет, за „Женски магазин“.

Премиерот Заев во хорскоп е вага. Претставниците на овој знак важат за вечни оптимисти, подготвени се да помогнат на секој кому му треба помош, размислуваат трезвено, секогаш се објективни, сакаат романтични гестови и го гледаат најдоброто во секого. Неговите најблиски го опишуваат токму на овој начин.

Инаку, љубовната приказна на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, дипломиран економист, датира уште од средношколските клупи. Тие се разлика само една година и првите симпатии меѓу нив се од средбите во училишните ходниции и од вечерните генерациски излегувања.

Почнале да се забавуваат дури по една година дружење.

– Зоран првично ме привлече со својот изглед, што за секоја тинејџерка во тие години е пресудно. Потоа ме освои со својот карактер. Важеше за мирно и разбрано момче, она што е и денес – раскажа Зорица Заева пред неколку години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -