fbpx
17.8 C
Skopje

Ремински тврди дека е обезбедено двотретинско мнозинство

АКТУЕЛНО

Попладневно на прес конференција, потпретседателот на Собранието на Р.М, Фросина Ременски се осврна на уставните измени кои треба да бидат изгласани во Собранието.

Денеска на вонредна Владина седница беше изработен план за тоа какви уставни промени треба да бидат направени согласно Преспанскиот договор.

„Сите пратеници вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја следат мнозинската одлука на граѓаните и да ја обезбедат иднина за Република Македонија и за граѓаните.

Пратениците кои се јасно определени за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ, да преземат одговорност во тоа име, во име на граѓаните кои се избрани да ги поддржат процесите и уставните измени да бидат усвоени.

Ова е шанса за сите, заеднички да обезбедиме сигурна и стабилна иднина на граѓаните, за нашата заедничка татковина Република Македонија“, рече Фросина Ременски, потпретседател на Собранието на Р.М. Покрај тоа Ременски порача никој да не се надева на амнестија односно пратениците да ги поддржат уставните измени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -