fbpx
37.8 C
Skopje

Русите го намалуваат присуството во Сирија: Носачот на авиони „Кузњецов“ прв заминува

АКТУЕЛНО

Министерството за одбрана на Русија започна да го намалува своето воено присуство во Сирија, информација што за јавноста ја сподели началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов.

Моќниот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ ќе биде тој што прв ќе го напушти воениот регион.

„Во склад со декретот на претседателот на Русија, Владимир Путин, рукото Министерство за одбрана започнува да го намалува своето присуство во Сирија“, изјави Герасимов.

Гордоста на руската војска,  Адмирал Кузњецов“ во Сирија стигна во средината на октомври во придружба на три борбени брода и неколку други пловила како поддршка. Нивното присуство беше користено за изведување на напади од воздух на терористичките мети, како и заеднички воени вежби  со другите воени контигенти кои Русија ги има распоредено во регионот.

„Сите мисии кои беа доделени на групата на носачот на авион се успешно завршени“, изјави командантот на руските сили во Сирија, Андреј Картаполов.
 Веднаш стигна и  благодарност од властите во Дамаск.
„Поддршката од воздух на руската војска беше клучна за нашата победа што придонесе до прекин на оганот и се створи услови за почеток на политички дијалог за решавање на кризата во Сирија“, порача началникот на Генералштабот на Сирија, Али Абдулах Ајуб.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -