10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Само на улиците во Македонија: Скопјанец во Ауди качил 10 Пакистанци и како на филм и бегал на полицијата

Регионалниот центар за Гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против Д.Д.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Вчера во 05.00 часот во близина на болница „Негорци“ полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди А8”, но возилото не застанало. Набргу потоа возилото било сопрено, а возачот бил приведен.

При преглед, во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти, државјани на Пакистан.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави