fbpx
11.8 C
Skopje

СДСМ со јасна порака до Мицкоски: Да сакаме уште утре ќе те победиме на избори, но сега се работи за иднината!

АКТУЕЛНО

По обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид, СДСМ излезе со реакција и предлог.

„Ако Мицкоски нема план за бојкот, има ли план ЗА европската иднина на Македонија?Македонија сега слободно дише и има еден план, стратешки план за влез во НАТО и ЕУ, за сигурна и стабилна иднина.

ВМРО-ДПМНЕ веруваме го има истиот план. Ајде Мицкоски поддржи го планот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со заштитен и признаен македонски идентитет.

Поддржи и приклучи се кон огромното мнозинство граѓани, кои сакаат Македонија да успее. На 30 септември нема да има избори, тој ден не е за битка меѓу партии, туку голема одлука за макдонската иднина. Да сака СДСМ уште утре ќе го порази Мицкоски на избори, но сега прашањето е за иднината“, велат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -