fbpx
13.8 C
Skopje

Се огласи и Борис Дамовски: Бојкотот е најбезбеден начин да пропадне целиот процес

АКТУЕЛНО

Уметникот Борис Дамовски и покрај притисоците од власта и судскиот процес кој се води против него за наводен тероризам се одважи и ги повика граѓаните да го бојкотираат престојниот референдум за промена на името – објави “Инфомакс”.

-Бојкот е единствениот начин да избориме правда за Македонија, вели тој имајќи ги во предвид сите минати изборни процеси во кои како што вели Дамовски биле манипулирани изборните резултати.

Според него бојкотот е најбезбеден начин да пропадне целиот процес, бидејќи ризикот е преголем со оваа тоталитарна власта да се очекува чесна и демократска власт. Тој истакна дека владата на СДСМ нема да успее да го исполни цензусот. Народот вели тој, обединет, охрабрен на овој начин на 30-ти септември ќе каже не.

Тој спомена дека зад сето ова се крие фарсична ситуација, бидејќи референдумот е консултативен, а истовремено милиони се трошат за истиот. Дамовски за крај иронично вели дека милионите кои ги троши власта ќе беше фер рамномерно да бидат исплатени на сите граѓани за консултантски услуги.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -