21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Сега веќе нема дилеми: Се огласи Ѕинго и порача како ќе гласаат неговите пратеници за промена на Уставот

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), која е коалициски партнер со ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги разгледува опциите за евентуално гласање за Договорот со Грција, со цел промена на Уставот односно уставното име Република Македонија.

Иако во медиумите се шпекулираше дека СПМ ќе му даде поддршка на овој договор, претседателот на партијата, Љувисав Иванов – Ѕинго побарал од своите пратеници да не гласаат за промени на Уставот, а тие му дале збор дека ќе ја почитуваат неговата одлука.

СПМ во Собранието на РМ има тројца пратеници, од кои двајца, Љупчо Димовски и Слободанка Авировиќ се под истрага од СЈО, со што многумина сметаа дека е можен „договор“ односно притисок кон овие пратеници.

Сепак, по барањето од страна на Ѕинго, се поизвесно е дека Социјалистичката партија на Македонија нема да гласа за уставни промени односно промена на името на државата.

поврзани објави

     

Последни објави