fbpx
12 C
Skopje

Села: Широка влада не е лоша опција за нас

АКТУЕЛНО

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, денес оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан, по која тој порача дека нови предвремени избори како што бара ВМРО-ДПМНЕ, само би ја продлабочиле кризата.

Села потенцираше дека влада нема да има ниту со СДСМ, доколку Зоран Заев не го прифати албанскиот јазик за службен.

„Широка политичка влада за нас не е лоша опција со тоа што во неа да нема лица кои се под истрага на СЈО“, изјави Села.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во моментот е на средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -