fbpx
-3 C
Skopje

Семејствата на загинатите млади планинари: Кој дал дозвола да се реализира турата во екстремно лоши услови?

АКТУЕЛНО

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите...

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во Бугарија секој става акцент на нешто повеќе. „Таму има големо негативно...

Љубчо Георгиевски: Бугарите немаат чувство за тоа што се случува кај нас, ветото е одземање на перспективата не само на Македонците

Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше изјвата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот...

Јоци: Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази

Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази - ,,едно општество за сите". Се...

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

„Навистина е згрозувачки повикот на квази планинарското друштво „Трансверзалец“ од чие дилетанство, кое се граничи со умисла, загинаа нашите две деца Калина и Алаксандар. Цели три дена од нив не чувме јавно извинување или барем некаков израз на сочувство за прерано трагично изгубените животи. Наместо тоа, друштвото што ја организирало оваа тура под водство на некаков си самопрогласен водич Зоки Москито (за кого се сомневаме дали воопшто има лиценца за организирање на тури во зимски услови, но за кого сме сигурни дека нема физички и интелектуални капацитети да води луѓе ни до Средно Водно), безобразно повикува на молк и на гушење на слободата на изразување. Се разбира, за да ги прикријат големите грешки во целиот овој настан!

Сите социјални мрежи брујат од реакции на гнев и револт поради лошата организација на целиот настан во кој попусто отидоа два млади животи. Планинарскиот сојуз на Македонија треба итно да го преиспита случајот за да се утврди евентуалната одговорност и да испита од која причина има неколку противречни верзии за самиот настан. Имено, од која причина турата тргнала кога од грчката страна дале предупредување да не се качуваат бидејќи условите биле екстремно лоши, колку пари се земаат од секој учесник во турата и зошто не се одложила турата за наредната недела, за кога имало прогноза дека ќе биде сончево? Кој ја пуштил веста дека во црквичката биле заробени млада жена и нејзината ќерка и дека треба да се спасуваат? Од која причина, кога се дознало дека двајцата млади планинари ги нема, во 14,30 часот, кога се известени грчките власти, ниту тогаш, ниту во текот на целиот ден, ниту следниот ден (родителите кутри од порталите дознаа), никој од организацијата на турата не ги известил родителите, ниту блиските на двајцата млади луѓе, за несреќата и кои можеле да превземат мерки за спасување? Дали воопшто некој од ова катастрофално друштво имал лиценца за водење на тури во зимски и екстремни услови? Како можеше ова дилетантско друштво, сега да повикува на молк на социјалните мрежи и да бидат толку транспарентни, а истите тие не дадоа никаква објава кога во 14.30 (според некои верзии уште во 13.30), утврдија дека нашиве деца исчезнаа и кога можеше да се крена на нозе целата јавност и сите безбедносни служби во државава и во пријателска Грција, за да ни ги спаси децата? Дали особата Москито имал лиценца за водење на тура во зимски услови? Дали оваа особа има положено психолошки тест? Во кој временски период се обновуваат лиценците и кој тоа го контролира? Од која причина, досега нема никакво известување од друштвото, а од членовите на друштвото имаме информација дека им било забрането да зборуваат било што? Од нив имаме информации дека никогаш досега не биле на вака лошо организирана тура од ниедно планинарско друштво во Македонија. Кој од членовите на турата до доцна во ноќта славеле во кафеана во Лутраки? Што правеле другите членови на групата, од кои се некои искусни планинари, а особено најблискиот и најверниот другар на Калина и Алек – Дени Ќировски???? Колку пари од оваа тура земал лицето Москито? Ако времето било екстремно лошо со темепература од минус 20 степени и ветер од 150 км на час, кој дозволил лицата да тргнат на турата со полулесни јакни кои не се ни за пролетни услови, а не за вака исклучително лоши. ….И редица други прашања, прашалници и дилеми, чии одговори ќе ни помогнат за лоцирање на индивудуалната и колективна одговорност за граѓанска и кривична постапка….. И нормално, да се одземе дозволата за работа на овие аматери!

Дали воопшто некој од државните власти ќе се заинтересира на кој начин овие друштва функционираат, дали ги следат прописите за безбедност на планинарите, дали овие тури некаде се пријавуваат и регистрираат, дали постои некоја евиденција, дали овие друштва имаат обврска на некого да пријават вакви тури и каков е нивниот исход? Минатата година се дозволи, младиот Мартин на возраст од 17 години, да оди на ноќна тура на Шапка, но благодарение на околноста што двајца други му го грееле телото на минус 20, истиот преживеа. Треба ли уште некој живот да изгубиме? Ќе се спречи ли ова дилетанство и анарахија и ќе се воведе ред во планинарските тури или ќе се сведе на бизнис во кој човечките животи не вредат ни пет пари????“ се вели во писмото на фамилиите на загинатите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вакцината против ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека...

Joванka не беше единствената љубов на Тито: Еве во кој бил заљубен маршалот

Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија денеска се славело Ден на младоста и роденденот на претседателот Јосип Броз Тито. За политичките потези на поранешниот лидер...

Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското...

100 илјади долари за еден биткоин? Инвеститорите очекуваат златна треска

Биткоинот да расте пет пати годишно и да достигне 100 000 американски долари? Звучи скоро скандалозно, но ова е реална прогноза на некои големи...

Why is Switzerland the best country in the world?

What makes Switzerland such a good country? They are rich Depending on whose estimates you trust, Switzerland ranks eighth or ninth in the world when...
- Advertisement -