fbpx
14.8 C
Skopje

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје со нејзината тетка отишле на биоенергетичар – место да и помогне тој задоволувал ниски стррасти

АКТУЕЛНО

Не е првпат граѓаните да се пожалат од таканаречени “алтернативци” кои манипулираат со нив со цел да се стекнат со финансиски средства или да задоволуваат ниски страсти. Ја користат маката на оние кои одат кај нив и ги злоупотребуваат.

Еден ваков настан се случил деновиве во Битола. Шеснаесетгодишна девојка од Скопје со нејзината тетка вчера била кај биоенергетичар во наведениот град и истиот врз неа извршил полови дејствија, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 14.40 часот во СВР Битола е пријавено дека истиот ден околу 11. 00 часот 16-годишна девојка од Скопје со нејзината тетка од Битола, отишла кај М.Н– биоенергичар од Битола, при што истиот врз неа извршил полови дејствија допирајќи ја во пределот на градите, телото и интимните делови. СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -