fbpx
19.8 C
Skopje

Што се случува? Исчезнати две лица од Битола и Прилеп!

АКТУЕЛНО

Во текот на вчерашниот ден (12.01.2017) во регионот на Пелагонија, поточно во Прилеп и Битола се пријавени две лица се исчезнати.

Првиот случај бил регистриран  во ПС Прилеп, кога пријавено е дека на ден 10.01.2017 година од домот во непознат правец се оддалечил  Ќ.З. (57). На  11.01.2017 година околу 08,30 часот истиот се упатил кон Градската Болница во Прилеп, со цел да прими терапија, бидејќи истиот бил лице со ментална попреченост и констатирана болест епилепсија по што не се вратил. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вториот случај е регистриран во  СВР-Битола, кога М.И. (38) од Битола пријавила дека на 08.01.2017 година од нејзиниот дом во непознат правец се оддалечил нејзиниот 11 годишен внук од брат кој често пати не се враќал во домот на пријавителката туку престојувал кај роднини и другари во нас.Баир. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -