fbpx
-4 C
Skopje

Штом избегал, ја признал и вината – велат за Груевски од Албанија

АКТУЕЛНО

Се огласи Заев: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, но доста беше омраза

Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и...

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Албанскиот претседател Илир Мета, гостувајќи во синоќешната емисија „Опен” на тиранската телевизија Топ чанел, иако воздржано сепак ја кометираше веста за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, минувајќи преку Албанија.

Мета изјави дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање кое треба да им се постави на соодветните одговорни органи во Албанија, додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање вина од негова страна.

– Тоа е прашање со кое одговорните авторитети во земјава треба да се позанимаваат. Не сакам да се мешам во ова прашање, но сметам дека неговото заминување од Македонија е знак на слабост. Избегнувањето на правдата е неприфатливо и на некој начин е признавање на вината, рече Мета.

Претходно истиот став Мета го изнесе и на меѓународна конференција на новинари во Тирана, нагласувајќи дека секој политичар, уште повеќе политичар со голема одговорност, каков што е случајот со Груевски, не треба да ја избегнува ниту правдата ниту политичка борба.

– Не можам да судам за ова прашање, бидејќи станува збор за друга земја и имајќи ја оваа позиција нема потреба да отворам дебата за ова прашање. Но, имаме случаи и во Албанија, кога имало притвори што се сметаат за политички, тие се соочувале. Неговото заминување е, исто така, еден вид признавање на вината, без оглед на тврдењата што може да ги изнесе, рече Мета.

Тој посочи и личен пример, кога во 1992 година му бил одземен имунитетот и за него обвинителството издало налог за апсење, по што му бил нуден политички азил од Грција и Италија, но тој го одбил.

Според Мета, политичарите на Балканот мора да бидат подготвени за сите предизвици и да се однесуваат машки.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Се огласи Заев: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, но доста беше омраза

Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и...

Штотуку соопштени најновите резултати: Дури 3127 лица за само 24 часа се тестирани, 1022 од нив се позитивни на ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463, Куманово 30 , Дебар...

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...
- Advertisement -