fbpx
6.8 C
Skopje

Софија Куноска од СДСМ: Мицкоски е провиден, досега ќе кажеше ако беше против реферндум

АКТУЕЛНО

Договорот со Република Бугарија е лош. Договорот со Република Грција исто така има голем број недостатоци. Оваа влада не беше највешт преговарач, иако Димитров честопати се обидуваше да ги поправа грешките на Заев. Настрана фактот што државата е донесена „во ќош“ како резултат на владеењето на Груевски и неговата влада повеќе од деценија. Тие штети се непоправливи.

Раководена од сегашната влада, пак, Република Македонија тоне во скандали, неефикасност на администрацијата, лоши сервисни услуги на јавните претпријатија, срамна кадровска политика, како и финансиска неизвесност. Државата е одамна „на колена“.

Но наспроти сѐ, референдумското прашање е прашање што секој од нас мора искрено да си го постави и да донесе зрела одлука. Одлуката, сосема извесно, нема да нè направи среќни, но прашањето треба прецизно да си го поставиме. Дали треба да си дадеме последна шанса? Колку и да не ни се допаѓа, изборот е дали на метастазираната Македонија ќе ѝ дозволиме да се лечи. Протоколите не се ни малку пријатни и подразбираат хемотерапии, зрачења и хируршки зафати, а во крајна нужда можеби и масло од канабис, варова вода и што ли не. А што е наспроти тоа, секој може сам да претпостави.

Многумина, меѓу кои и Мицкоски, сè уште калкулираат и во некакви обиди за пазар го подготвуваат ставот кој отприлика би гласел дека референдумот е многу поголемо и позначајно прашање од партиските политика на оваа или онаа опција и мора да се биде на висина на задачата. Но, Мицкоски несвесно потврдува една вистина, дека неискажаното честопати е погласно од искажаното.

Во случајов едно е сосем јасно: да беше против референдумот, Мицкоски до сега ќе се изјаснеше!

ФБ статус на Софија Куноска

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -