28.8 C
Skopje
Tuesday, July 15, 2025

Советот за безбедност на ОН не ја осуди турската офанзива во Сирија

Советот за безбедност на ОН ниту ја осуди, ниту, пак, издаде заедничка декларација во врска со турската офанзива против курдските борци во Сирија.

Претходно зад затворени врати се одржа итен состанок, на барање на Франција.

Францускиот амбасадор во ОН, Франсоа Делатр, изрази голема загриженост во врска со ситуацијата во северниот дел на Сирија наведувајќи дека станува збор за „трагична хуманитарната ситуација“ предизвикана од сириските сили и нивните сојузници во другите области на Сирија.

Делатр, сепак, остана претпазлив во врска со ситуацијата во регионот Африн, каде што турската армија во саботата почна офанзива против курдските борци кои се дел од коалицијата што со поддршка на САД гранатира позиции на џихадистите во Сирија.

Францускиот амбасадор го потврди ставот на министерот за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, кој во неделата ја повика Турција да „покаже воздржаност“. Слична проценка била направена и од страна на другите членови на Советот за безбедност на ОН, истакнаа дипломатски извори.

Никој од нив не дал изјава по состанокот, на кој не присуствувала американската амбасадорка, Ники Хели, соопштиле истите извори.

Турската офанзива почна во саботата откако меѓународната коалиција предводена од САД објави создавање погранични сили во Сирија, во кои би биле вклучени и курдски борци. Турција смета дека курдските борци во Сирија се поврзани со забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК), која е означена како терористичка организација.

поврзани објави

     

Последни објави