fbpx
18.7 C
Skopje

Спикерот на Бугарското Собрание на средба со Заев: Местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО

АКТУЕЛНО

Продолжува да се развива во позитивна насока соработката меѓу Македонија и Бугарија по потпишувањето на Договорот за добрососедство и, пријателство, оценија премиерот Зоран Заев и претседателот на Народното собрание на Република Бугарија Димитар Главчев на денешната средба во Скопје.

Заедничка беше констатацијата, како што соопшти владината прес-служба, дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО.

„Во очекување на ратификацијата на Договорот во парламентите на двете држави, веќе се воспоставени контакти меѓу бизнисмени од двете земји, што ќе придонесе за економски развој во државите и отворени се можности за соработка во повеќе области, како што се земјоделството и културата“, се наведува во соопштението.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -