fbpx
18 C
Skopje

Средба Хан – Иванов: Неопходно е што побрзо формирање на Влада

АКТУЕЛНО

Откако претходно одржа средби со лидерите на партиите од македонскиот и албанскиот блок во Република Македонија, денеска комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, беше приман од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

На средбата Хан и Иванов разменија мислења за актуелната состојба во државата, кризата и можностите за нејзино разрешување.

„Надминувањето на политичката криза е од клучно значење за Република Македонија да може целосно да се посвети на европските реформи и да продолжи во остварување на евроинтеграциски цели“, истакнал Иванов.

На средбата беше потенцирана неопходноста од што поскоро формирање на Влада на Република Македонија, бидејќи единствено со целосно функционални институции државата ќе биде подготвена да се справува со сите предизвици.

Во контекст на актуелната состојба, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, изразил незадоволство од отсуството на јавна осуда на мешањето во внатрешните работи на Република Македонија од страна на некои соседни земји.

Иванов побарал поактивен ангажман и поддршка од страна на комесарот Хан.

Македонскиот претседател на средбата со Хан истакна дека како и досега, така и во иднина, ќе постапува во рамки на Уставот и во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија. Воедно, Претседателот истакна дека очекува од новата Влада да има два клучни приоритета: Прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -