fbpx
16 C
Skopje

Средба на Заев со Каранза: Мнозинската волја на граѓаните мора да биде испочитувана до крај

АКТУЕЛНО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Р.Македонија, Рамон Абароа Каранза.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација и заеднички беше констатирана важноста од отворање на европските перспективи на земјата коишто ќе ги вратат демократските процеси и ќе обезбедат добар живот за граѓаните.

„Од исклучителна важност за земјата е да се почитува волјата на граѓаните кои одлучно се определија за промени и живот во Македонија. 612.000 граѓани со глас и пенкало поразија режим. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде испочитувана до крај и од тие причини нашите очекувања се дека Никола Груевски до 29 јануари ќе го врати мандатот и дека ќе се формира нова и одговорна Влада согласно волјата на граѓаните. Новата Влада на граѓаните посветено ќе пристапи кон спроведување на реформските приоритети од извештаите на Прибе и Европската Комисија за да се отворат демократските процеси во земјата“, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ја истакна важноста на концептот на заедништво што го избраа граѓаните и рече дека тоа е новата сила и енергија што ќе ја поведе земјата напред кон стабилна и економски просперитетна иднина за сите нејзини граѓани.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -