fbpx
2 C
Skopje

Стојанче Ангелов: Војна нема да имаме, но и да имаме тука сме ние македонските бранители од 2001

АКТУЕЛНО

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика информира...

НАЈНОВО: TOЛКУ ОД УБАВОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПPOМЕНА ОД УТРЕ

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Во сабота поради продор...

Рускиот астролог Василиса Володина открива: 3 хороскопски знаци кои ги чека парична добивка во март

Очигледно дека благосостојбата ги чека овие три знаци од Зодијакот оваа пролет. Проверете за што станува збор. Рускиот астролог Василиса Володина вели: 1. Можеби мислите дека...

Спасовски се огласи за ТиkТоk: Aпелирам за внимателно користење на социјалните мрежи

Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија...

Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов во своето гостување на 24 анализа на Телевизија 24 го повтори својот став дека во Македонија унитарноста и територијалниот интегритет не се загрозени. Тој истакна дека војна во Република Македонија нема да има, но најави дека доколку има тој и македонските бранители од 2001 се тука да застанат во одбрана на државата.

„Војна нема да имаме, но и да имаме тука сме ние македонските бранители од 2001 година. Еднаш ја браневме, ако треба уште еднаш ќе ја браниме, иако тоа не го посакувам. Прво ќе расчистиме со оние кои го хушкаат народот во една нова војна бидејќи очигледно е дека некој сака дестабилизација на Македонија. 

Неколку луѓе од раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои соработуваат со Али Ахмети во последните десет години, кои ги амнестираа злосторниците од Хашките случаеви, кои ставија командант од УЧК за министер за одбрана, кои дозволија во Скопје да се подигне споменик на УЧК, да се отвори музеј на УЧК. Сите овие остапки ги направи Никола Груевски, и сега тој истиот ги повикува граѓаните да ја бранат државата од некоја апстракна опасност“, вели Ангелов

Тој додава дека не треба да се плаши никој од македонските граѓани кои протестираат. Мнозинството од овие граѓани сметаат дека Македонија е загрозена, а тој смета дека тие тоа го мислат под влијание на пропагандата која им е наметната од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние не треба од старт да ги осудуваме луѓето кои протестираат. Тоа е нивно граѓанско право. Треба да им се укаже дека причината поради која протестираат е лажна, дека унитарноста на Република Македонија не е загрозена, иако можеби не е се толку наивно како што опозицијата сака да го претстави, но далеку е од можност за загрозување на македонската унитарност“, рече Ангелов.

Тој вели дека мнозинство Македонци кои протестираат, ќе разберат дека се доведени во заблуда, бидејќи реално Македонија не е загрозена, ниту нејзината унитарност, ниту територијалниот интегритет.

„Ние немаме такви безбедносни предупредувања, јас верувам дека овие протести нема да добијат на жестина и дека граѓаните ќе разберат дека се доведени во заблуда“.

Ангелов смета дека теоријата за 3. 000 луѓе влезени преку граница е чиста глупост.

„Дури и да има таква вооружена сила, тоа не може да биде без знаење на најголеми светски сили. Исклучувам таква можност, ако веќе не нападнат, 3000 борци да влезат преку граница, тоа е воен напад од друга држава односно почеток на војна“, тврди Ангелов.

Тој мисли дека ова е лажна тревога која му оди во прилог на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што ќе се случи ако ете ВМРО-ДПМНЕ е во право и ако СДСМ навистина се обиде да донесе закон со кои би направил големи отстапки на Албанците, а со кој ВМРО-ДПМНЕ не се согласува. Со 51 пратеник ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе илјадници амандамни и да го кочи донесувањето на тој закон, како што направи Талат Џафери. На тој начин ќе го закочи спорниот закон и да ја одбранат загрозената македонштина. Ако СДСМ го донесе тој закон, претседателот може да стави вето и пак да го врати во собраниска процедура. Дури потоа им останува уставниот суд, а потоа може да организират референдум на кој сите граѓани ќе се изјаснат. Ние имаме демократски алатки со кои можеме да ги браниме македонските интереси. Нема потреба од набивање на страв кај граѓаните од војна, но целта на ВМРО-ДПМНЕ е токму преку спинување на вистината, на следни избори, да го порази СДСМ убедливо“, смета Ангелов

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор Николов го повика Филипче на ТВ Дуел: Министре излезете со мене на дебата наместо да се самофалите

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, го повикува министерот за здаравство, Венко Филипче, на дебата на која би дискутирале за актуелните...

Ако не сакате да одите во теретана, а да изгледате згодни, ова е решение за вас (Видео)

Дечкото одлучил дека не му се исплати да оди во теретана кога Алиекспрес има достава до дома, пишуваат нашите колеги од Мотика.мк во description...

Стојан за Нимет: Е тоа е соживот, ниту го знам ниту го познавам, но ме контактираше на фб за да ми помогне

Некои гестови и постапки заслужуваат јавна благодарност. Денес во Скопје брзајќи да стигнам на работен состанок ја изгубив возачката дозвола. Еден час подоцна добив...

Дали сте знаеле дека во македонската азбука има две зборчиња? Погледнете!

Македонската азбука ја учиме уште во предучилишна возраст, а потоа истата ја користиме целиот живот. Но, ретко кој забележал дека во нашата азбука се кријат...

ЈА СТРЕСЕ И МАКЕДОНИЈА: Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди нашата соседна земја Грција

Прочитај повеќе во продолжение на текстот Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер во 18:38 часот е регистриран на 31 километaр од Лариса, а...
- Advertisement -