fbpx
13.8 C
Skopje

СТРАВУВАВМЕ ДЕКА НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ЖИВИ: Новинарката Душица Мрѓа низ солзи сведочеше за насилството во Собранието

АКТУЕЛНО

Новинарката Душица Мрѓа сведочеше на судското рочиште за насилството во Собранието. Видно вознемирена и низ солзи, новинарката Мрѓа во детали раскажа на се што се сеќава од „крвавиот четврток“, пишува порталот МКД.МК.

Низ сведочењето зборуваше за упадот во Собранието, за насилството на толпата, за ударите, за раскрвавените лица и за тоа како таа и нејзините колеги стравувале дека нема да излезат живи од Собранието. Од 11 часот тој ден, новинарката рече дека била на собраниската седница на која подоцна Талат Џафери бил избран за претседател на Собранието. Откако се случил изборот на Џафери и тој се обратил, новинарската сведочеше дека вниманието повеќе било насочено кон мониторите  кои биле пуштени и на кои се гледало како толпа влегува во Собранието.

Во еден момент вратата во прес-салата била затворена од собраниското обезбедување кое, како што кажа новинарката, ја извадило и кваката.

За време на овие случувања, новинарката раскажа дека правела пренос во живо преку социјалните мрежи и бидејќи стоела на метро од Заев и Џафери им поставила прашање дали може да ја гарантираат безбедноста на новинарите. Џафери ѝ одговорил дека е сигурен оти институциите ќе си ја завршат работата. Но, како што кажа новинарката Мрѓа во своето сведочење, таа за време на целото случување на насилството не видела ниту еден униформиран полицаец, а не добила повратна реакција за помош ниту од собраниското обезбедување од каде во еден наврат ѝ било кажано дека ништо не можат да направат. Кога толпата успеала да влезе во Собранието, Мрѓа посочи дека меѓу овие лица имало луѓе со качулки, облечени во црни маички кои давале инструкции и ја насочувале толпата. Целта на овие лица биле Зоран Заев, Талат Џафери и Зијадин Села.

Новинарката кажала дека според она што го видела, во фокус односно таргет како група биле пратениците, а по истрелот и ескалацијата цел станале и новинарите. Некои од нив ја прашувале колку Заев ја плаќа за да ја продава државата и и се обраќале со зборовите шиптарска курва и предавничка.

Прочитајте го целиот напис на МКД.МК

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -