fbpx
21.8 C
Skopje

Сузана Турунџиева се налути – ама буквално (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Сузана Турунџиева и нејзиното семејство се доста актуелни во медиумите периодов поради мажачката на нејзината 18 годишна ќерка Лора која неодамна се сврши, а веќе подготвуваат и свадба.

Сузана многу рано стана баба со зет, а по убавата вест реши да си даде време за себе на одмор во Турција, оттаму сподели неколку убави фотографии.

Но меѓу поновите објави на нејзиниот профил на Фејсбук стои фотографија на која Сузе е во доста необично издание кое ги насмеа, но и воодушеви нејзините пријатели и следбеници.

Тазе баба Сузе носи крпа на главата, а пак на вратот има ѓердан од лути пиперчиња.

-Чунќим ифрит сум љута, напиша во описот на објавата, а коментарите се редеа дека не може да биде лута кога само што доби зет.

Но, таа веднаш негираше дека има лутина кај неа кога станува збор за зетот, а во таа смисла дури би се наредила со локум.

Зет како мед, или за Сузе локум!

Извор: Вистина

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -