fbpx
24.8 C
Skopje

Тинејџерка ја продава својата невиност на интернет, цената достигна луда сума (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Eјми (19) од Лондон ја продава својата невиност преку специјализираниот сајт „Синдарела ескортс“ (Cindarella Escorts), за да може да живее подобро и да му помогне на семејството, а цената веќе се вивна до небото и достигна 1.200.000 евра.

Во потрага „по оној вистинскиот“, Ејми веќе била на состанок со тројца богаташи: банкар од Волстрит, германски бизнисмен и фудбалер, за кој рекла дека е „супер кул“.

Сајтот „Синдарела ескортс“ тврди дека лекар утврдил дека Ејми е невина и дека и’ издал сертификат. Ејми тврди дека се посоветувала и со психијатар пред да се одлучи на ова.

„Сакам да ја продадам невиноста затоа што долго и длабоко размислив за тоа. Ова ми е прва прилика да го подобрам мојот живот, да му помогнам на семејството, онолку колку што тие ми имаат помогнато мене. Би сакала да го пропатувам светот, да се стекнам образование. Сфатив дека продажбата на невиноста е фантастична можност“, вели таа.

Oсвен што е млада и убава, Ејми во своите квалитети кои ги навела на сајтот тврди дека сака суши, шопинг, шампањ и патување по светот.

„Тоа е мое тело и мислам дека имам право да правам она што сакам”, завршува Ејми.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -