fbpx
14.8 C
Skopje

Тортевски: Само да известам, силеџиите од Австралија можат да бидат уапсени и доведени во РМ

АКТУЕЛНО

По повод вчерашните настани на избирачките места во Австралија, кога оние што излегуваа на гласање беа навредувани, снимани и сликани, со свој статус на социјалните мрежи се огласи адвокатот Тортевски.

Тој вели дека за “силеџиите” од пред амбасадите може да биде распишана црвена потерница од нашето ОЈО, тие да бидат уапсени на било кој аеродром во светот и испорачани во Р. Македонија. Еве го неговиот статус:

“Само да известам: За настаните пред нашите амбасади денеска надлежно е и нашето ОЈО. Последиците делуваат во РМ.

Сите силеџии може да бидат осудени во отсуство и да биде пуштена меѓународна црвена потерница. Ќе бидат уапсени на било кој аеродром на цел свет и испорачани на РМ.”

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -