fbpx
12.8 C
Skopje

Трамп и Путин ќе се сретнат во јули

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин имале телефонски разговор во вторникот вечерта.

Двајцата претседатели се договориле да стават акцент на координацијата на активностите на САД и Русија во борбата против тероризмот во контекст на сириската криза.

Путин и Трамп се договориле да го активираат дијалогот меѓу надворешните министри со цел за зајакнување на примирјето во Сирија. Двајцата се изјасниле за организирање на лична средба помеѓу нив која ќе се одржи на самитот на Г20 во Хамбург, Германија во јули.

Според медиумите, Путин го повикал Трамп на воздржаност и за намалување на нивото на тензии за ситуацијата на Корејскиот полуостров.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -