fbpx
18.8 C
Skopje

Трамп најави дека трансродовите лица нема да служат во армијата на САД

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нема да дозволи трансродни лица да служат во американската војска во кое било својство.

„По консултациите со моите генерали и воени експерти, сакам да ви ставам до знаење дека владата на САД нема да прифати, ниту ќе дозволи трансродни лица да служат во американската војска во кое било својство“, напиша Трамп на својот твитер-профил, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, за шест месеци ја одложи дозволата на трансродните лица да се придружат на американските вооружени сили, изјави портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.

Забраната за учество на трансродните лица во американската војска Пентагон ја укина во 2016 годин, под администрацијата на тогашниот американски претседател Барак Обама.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -