6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Трамп: Никогаш нема да се извинам за тоа ја штитам безбедноста на американскиот народ

Претседателот на САД Доналд Трамп во текот на вчерашниот ден  на Конвенција на конзервативната политика на акција (CPAC) на Републиканската партија, најави една од најголемите модернизации на армијата во американската историја.

Трамп рече дека ќе побара „масивен“ буџет за вооружените сили, пренесуваат агенциите.

Одбранбениот буџет на САД, кој е најголем на светско ниво, изнесува над 580 милијарди долари и ги надминува севкупно трошоците за одбрана на Кина, Русија, Саудиска Арабија, Велика Британија, Индија, Франција и Јапонија, заедно.

Американскиот претседател рече дека се надева оти таквата војска никогаш нема да треба да се употреби, но дека никој во тој случај нема да се осуди „да се закачка“ со Америка.

„Веруваме во мир преку силата. И тоа ќе го имаме. Тоа е дел од моето ветување дека ќе им ја врати сигурноста на Американците“, додаде Трамп на третиот ден од конвенцијата на CPAC.

Тој додаде дека за него како претседател безбедноста за американскиот народ е најважна, истакнувајќи дека не му е битно што ќе се зборува за него во медиумите.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -