fbpx
14 C
Skopje

Цаноски: Токму Сеад Кочан и „Трансмет“ го уриваа „Космос“

АКТУЕЛНО

Синот на Фијат Цаноски, Сефер Цаноски, денеска на својот профил на Фејсбук пишува дека тому бизнисменот и сопственикт на телевизија НОВА, Сеад Кочан и неговата фирма „Трансмет“ беа ангажирани за уривање на „Космос“.

Статусот на Цаноски го пренесуваме во целост

Овие ликови што протестираат за слобода на СЕАД КОЧАН ги паметам многу добро. Ги паметам добро и камионите и багерите нивни. Го паметам и 5 часот изутрина на 1 август 2011 година. Истите овие ликови, заштитени од огромен број припадници на полициските сили влегоа во КОСМОС , како вработени во ТРАНСМЕТ на Сеад Кочан, компанија која беше ангажирана за рушењето од страна на општина Гази Баба, во исто така незаконски добиен тендер. Ние чекаме правда повеќе од 6 години. И со господ напред ќе ја дочекаме овде во Македонија.

Додека вие протестирате, вашиот газда ” правдата ” ја дочекува веројатно на некоја луксузна Јахта на отворено море , каде уз некоја шкампа и морска риба ужива и ги троши “чесно” заработените пари !
Можам само да ви кажам едно – АРАМ и срам да ви е !

Овие ликови што протестираат за слобода на СЕАД КОЧАН ги паметам многу добро. Ги паметам добро и камионите и багерите…

Posted by Sefer Canoski on Tuesday, March 21, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -