fbpx
24.8 C
Skopje

Царовска: Родовиот идентитет и сексуалната ориентација за првпат се воведуваат како основи за дискриминација

АКТУЕЛНО

Проширување на основите за дискриминација, унапредување на работата на Комисијата за заштита од дискриминација и нејзина професионализација со цел поефикасно решавање на претставките, воведување сексуална ориентација и родов идентитет како основ за дискриминација, сегрегација како нов облик на дискриминација, зголемување на казните, се дел од решенијата што ги предвидува Предлог законот за заштита од дискриминација, кој поминал на седница на Владата и треба да влезе во собраниска процедура.

ако што информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со законот се дава можност и за тужба за заштита од дискриминација во случаи на јавен интерес кога е засегната поголема група граѓани, и се ослободуваат од судски трошоци граѓаните што ќе поднесат тужби за дискриминација.

– На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди усвоени во ОН и ЕУ, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество во кое се негуваат различностите и овозможува услови за развој на сите граѓани, рече министерката Царовска.

Согласно новиот закон, има зајакнати критериуми за избор на членови на Комисијата, неспоивост со членство во политички партии и професионален ангажман, што, рече, треба да ја зајакне нејзината работа.

До изборот на нови членови Комисијата за заштита од дискриминација ќе функционира во постојниот состав.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -