25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Цеца лута им се обрати на медиумите со порака: „Престанете да ја лажете јавноста“!

На насловната страница на еден неделен таблоиден магазин, се појави веста за помирувањето помеѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеша.

Имено, се работи за наводно откажување на судскиот спор помеѓу пејачките кои со години не се во добри односи и дека паднала одлука целата сите недоразбирања да се решат надвор од оваа државна институција.

Карлеуша не реагираше на оваа вест и само ги информираше своите фанови за претстојниот викенд настап.
Веќе подолго време трае спорот помеѓу Карлеуша и Цеца, па иако неодамна беа на суд и судијата проба да ги смири, сепак не успеа во тоа, па Карлеуша ја искористи првата можност за повторно да ја „нападне“ својата колешка Цеца.

Имено Карлеуша искритикувала една од натпреварувачките кои се појавија во „Ѕвездите на Гранд“,и пеела песна од Цеца „Janda ti je moja moc“, дека првата строфа ја испеала катастрофално, и дека трагично звучело тоа, зарекла и порекла, и не и е јасно каде го слушнала тоа.

На ова секако се надоврзале и другите членови на жирито, и Ана Бекута и објанила дека тоа така звучи и додека Цеца ја пее песната а на тоа Крлеуша рекла:

– Така е снимена?! Значи, таа со погрешен акцент ја снимила песната!? Тогаш се извинувам, не си ти виновна, така си слушнала, но грозно звучи- рекла Карлеуша.

Тогаш Саша и рекол на натпреварувачката другпат да избере песна од Карлеуша, а на тоа Карлеуша самоуверено прокоментирала:

-Моите песни се малку потешки за пеење- рекла таа.

Од друга страна, Цеца јавно се огласи, иако секогаш неволно зборува на оваа тема, и покрај постојаните повици и прозивки од страна на Карлеуша.

„Лага! Престанете да ги лажете луѓето и да ја мамите јавноста со вашите измислени глупости“!– кусо порачала Цеца.

поврзани објави

     

Последни објави