5.9 C
Skopje

Ципрас и Мицотакис со меѓусебни обвинувања за прашањето за името

АКТУЕЛНО

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу...

Меѓусебни обвинувања за позициите во прашањето за името, си упатија грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис, за време на расправата во грчкиот Парламент посветена на предлогот на опозициската партија за формирање комисија за истрага и на тројца министри од владата на СИРИЗА за евентуална вмешаност во скандалот „Новартис“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, и покрај тоа што надворешната политика не беше воопшто тема на вчерашната седница, не останаа неспоменати и актуелните прашања како што е спорот со името, грчко – турските односи и случајот со двајцата грчки војници, уапсени во Турција.

Кирјакос Мицотакис, ја обвини грчката Влада дека нема една и заедничка позиција за името, додека пак Алексис Ципрас, возврати дека Нова демократија отстапила од националната линија и уште еднаш ги повтори грчките позиции во разговорите.

– Уште од прв момент ви рековме, зошто влегувате во овој разговор кога го немате обезбедено минималниот неопходен предуслов за да има заемно прифатливо решение, а тоа е промена на Уставот. Прво ни се потсмевавте, а потоа дојдовте на нашата линија. За сега, да излезе господинот Заев со огромна храброст да побара промена на грчкиот Устав, како одговор на тоа што ние му го кажавме, рече Мицотакис, по што следеше аплауз од неговите сопартијци од Нова демократија, објави МИА.

Ципрас рече дека тој воопшто не ја променил позицијата и имал чувство дека грчките ставови се всушност и националната линија во преговорите што ја поддржува и Нова демократија.

– Ние бараме решение во клучното, важното прашање за името на соседната земја со два основни предуслова: сложено име, ерга омнес, а ерга омнес, очигледно значи дека не може да биде ерга омнес само за надворешна употреба, туку и за внатрешна употреба, односно промена и на уставното име, одговори грчкиот премиер, коментирајќи дека опозициската партија, по протестите ја сменила позицијата за сложено име.

Мицотакис упати критики до Ципрас и поради тоа што во разговорите воопшто не ги вклучил и партиите од опозицијата, а наместо тоа грчкиот премиер одбрал прво да се сретне со неговиот македонски колега.

– Од прв момент ако сакавте можевте да ги вклучите и опозициските партии, но не го сторивте тоа. Прво разговаравте со скопскиот премиер, а потоа разговаравте со опозициските партии. Свесно го поделивте грчкиот народ, ги обвинивте и сите наши сонародници кои протестираа поради нивни причини, поради чувствителноста околу прашањето на Македонија, речиси сите ги карактеризиравте како ултра националисти, како фашисти, ги претставивте како толпа, рече лидерот на Нова демократија, на што Ципрас одговори дека уште пред средбата со Заев грчките позиции биле јасни, а како пример за разговори на премиерско ниво, без претходно да биде известена опозицијата, ги спомена средбите на Груевски и Папандреу пред осум години.

– Ме обвинувате дека прво се сретнав со премиерот на Скопје, а потоа се сретнав со лидерите на политичките партии. Не разбирам зошто ме обвинувате за ова. Господинот Папандреу, ако не десетици, имаше сигурно 6-7 неформални средби, и мојата беше неформална. Имаше средби со премиер на Скопје, со премиер на поранешната југословенска Република Македонија кој што не сакаше решение и за тоа не извести ниту еден политички лидер. Ни јас не донесов решение, ако немав новости да ви пренесам, немаше да има никаква смисла нашата средба, му одговори Ципрас на Мицотакис.

Претседателот на грчката опозициска партија, уште еднаш ја обвини Владата дека настапува со две позиции, бидејќи коалицискиот партнер Независни Грци не се согласува со официјалниот став. Мицотакис додаде дека кога министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и министерот за одбрана Панос Каменос имаат различни позиции, тоа не е „сериозна сликата на една влада“.

– Кога министерот за национална одбрана заедно со министерот за надворешни работи, ќе се најде заедно со вас на следниот НАТО Самит и ќе седат еден до друг, кој ќе ја изрази официјалната позиција на Република Грција? Вистината господине Ципрас, е дека денес кога разговарате со скопскиот премиер не разговарате како лидер на парламентарното мнозинство, туку како лидер на СИРИЗА, додаде Мицотакис, пренесе МИА.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Богојески за бугарската министерка за надворешни: Жалам што госпоѓата Захариева се наоѓа во состојба на тешко психичко пореметување

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во денешна изјава за медиумите говореше за можна средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и проблемите кои се...

Д-р Сашко Николов: ќе останам доктор за сите граѓани и покрај мојата функција

Кандидатот за градоначалник на општина Штип, Д-р Сашко Николов истакна дека и покрај тоа што започнавме со изборната кампања за предвремените локални избори во...

Мистериозен млад човек ја разбранува јавноста: Среде литургија го извади мобилниот – што се обидуваше да направи (фото)

За време на целата литургија, погреб и церемонија одржана во чест и во името на патријархот Иринеј, граѓаните на Србија имаа можностда видат мало,...

Со вградување на плин се оштетува моторот на aвтомобилот?

Со цел да се намалат средствата кои ги даваме за користење на автомобилот, често кај нас граѓаните се одлучуваат за вградување на плин во...

СРУШЕНИ ЦРНИ РЕКОРДИ: Нови 5.067 лица се новозаразени, 38 пациенти почиnaa, се поголем број пациенти на респиратори во Србија (Фото)

Во последните 24 часа во соседна Србија се тестирани над 15.000 граѓани од кои дури 5.067 лица се позитивни на Ковид-19. Нажалост почиnале дури...
- Advertisement -