fbpx
21.8 C
Skopje

Утре е денот кога ќе го соопштиме нашиот план – повик за масовен собир за заедничка Македонија

АКТУЕЛНО

„Петок 21 април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани кои не поддржуваат во нашата борба“.

Преку ваква порака на социјалната мрежа Фејсбук, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ги повикува граѓаните масовно да излезат и да ги поддржат во нивните барања и планови за одбрана на државата од „Тиранската“ платформа.

„Живееме во времиња кога се пишува историја.Македонија ги има најголемите и најмасовни протести во историјата. Тоа не прави должни и уште посилни да истраеме во нашата битка, која е битка на принципи, вредности, верувања, битка за зачувување на државата, суверена, унитарна, граѓанска!
И во овие времиња воопшто не е едноставно на која страна сте и што сте направиле. Години од сега секој од вас на вашите поколенија може со гордост да каже, ДА јас бев за заедничка Македонија, да јас бев дел од одбраната на државата. Петок 21 април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани кои не поддржуваат во нашата борба. Сите заедно и масовно како досега во еден глас да порачаме дека одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија. Петок е денот!!!“, порачуваат од граѓанската иницијатива.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -