fbpx
10.8 C
Skopje

Васко Ефтов: По фијаското на референдумот, не можат 12 уценети пратеници да променат име

АКТУЕЛНО

-Граѓаните испратија јасна порака а тоа е дека не сакаат промена на името во Република Северна Македонија. Заев треба да се врати во Струмица и да отспие 7 дена, рече Ефтов.

Од друга страна Ефтов подвлече дека ова не значи оти народот е против ЕУ и НАТО, но е исклучиво против промена на името и договорот со Грција.

На прашањето дали може да се очекува оставка од Заев, Ефтов смета дека до сега Заев имал 6-7 изгубени избори, додека пак Шеќеринска нема ниту една победа, но дека оставката не е во нивниот начин на размислување.

-ДИК всушност на рати сака да го спаси Зоран Заев не сакајќи да ги објави резултатите и му овозможува на Заев повторно да прави маниупулација. ДИК со одложување на резултатите не сакајќи му фрла гума за спасување, смета Ефтов.

По неуспешниот референдум, според Васко Ефтов име на држава не може да се промени во Собрание со 9-12 уценети пратеници.

-Ги видовме кои се, гласаа рано наутро за да не ги види никој, вели тој.

По однос на широка коалиција, според Ефтов, треба да се потсетиме на дебатата на телевизија Телма, помеѓу Никола Димитров, акутелниот министер за надворешни работи и според него идниот министер за надворешни работи, актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Николоски на два три пати објави став дека кој гласеше: „ Ние не можеме да бидеме во исто друштво и во иста влада со вас.“. Тоа значи дека е можна широка Влада но не со овие луѓе, не со Зоран Заев на чело на таа широка коалиција, смета Ефтов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -