fbpx
13.8 C
Skopje

Видео: Американскиот амбасадор Џес Бејли во посета на Делчево

АКТУЕЛНО

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска ја посети Општина Делчево при што оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата, амбасадорот Бејли се интересираше за спецификите на  Делчево,  потенцијалите и можностите за развој на Општината, како и со предизвиците со кои се соочува општината.

Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата и изрази благодарност од досегашната соработка и поддршка на американскиот народ во реализација на проекти кои се од витално значење за Делчево и кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, посебно во подобрување на условите за работа во образовните институции во градот.

Во знак на благодарност, градоначалникот Трајковски му врачи Плакета од Делчево и уметничка слика со мотив од старо Делчево од локалниот уметник Петар Атанасов-Пепи.

Во рамките на посетата, амбасадорот Бејли го посети и кампот на Мировниот корпус  во ООУ „Климент Охридски “ каде има 50-ина ученици, а наставата и  едукативните содржини ги реализираат волонтери.

Еве што забележа нашата камера од посетата на првиот човек на американската амбасада.

 

Инсерти од посетата на американскиот амбасадор Џес Бејли на Општина Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, June 22, 2018

Извор: Delcevo365.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -