fbpx
13.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Љупчо Каров малку ги измеша лончињата?: “Јас имам додавката на името и сега сите ме знаат како Бубо”

АКТУЕЛНО

Во гостување во отвореното студио на 1 ТВ, Љупчо Бубо Каров проговори и за името:

-Мислам дека луѓево не сфаќаат доволно, а не сфаќаат заради тоа што со нив нивните да речам партии не работеле доволно за да ги подготват за да гледаат низ реален диоптер, а не со искривен диоптер. И за тоа им е многу тешко на многу луѓе сега да прифатат дека го губиме името, дека губиме идентитет или не знам што со тоа што ќе ја ставиме додавката на името.

Јас имам додавка на името, јас сум Љупчо Каров, имам додавка на името Бубо, ако прашате кој е Љупчо Каров 90% ќе ви кажат не го знаат кој е, а Бубо Каров го знаат сите.

Значи споредбата можеби не е соодветна меѓутоа како пример сакам да го кажам тоа дека една додавка не може да ти направи промена на идентитетот ако ти си сигурен во тоа што си и ти си секогаш тоа што ќе кажеш ти дека си, а тоа што технички че мораш некогаш да направиш некоа отстапка да направиш некој компромис, тоа е многу нормална работа посебно во 21 век.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -