fbpx
1 C
Skopje

ВИДЕО: Владите на Македонија и Словенија се договорија за подобрување на соработка, во интерес на граѓаните на двете земји

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Владината делегација на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, во придружба на заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и државниот секретар на Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, одржаа билатерални и пленарна средба со своите колеги од словенечката страна предводени од премиерот Миро Церар.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на пленарната средба меѓу двете владини делегации истакна дека со оваа посета се реафирмираат веќе исклучително добрите односи меѓу двете земји.

– За Република Македонија е исклучително важно ова наше меѓусебно пријателство и поддршката што ја имаме во процесите за нашите ЕУ и НАТО интеграции. За нас е важна и економската соработка, која ја оценувама како многу добра, и се согласивме со колегата Церар дека тука имаме уште многу што да си кажеме едни на други – рече премиерот Заев.

Премиерот Заев ги информираше домаќините за најновите настани во Република Македонија, особено во делот на реформите.

– Резултатите на изборите ни даваат поттик да ги интензивираме нашите реформски процеси и тоа се нашите определби во наредниот период. Интегративните процеси внатре во земјата исто така добија нова димензија и имаме сериозни позитивни придвижувања на овој план – потенцираше Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.

Премиерот Заев зборуваше и за очекувањата на Република Македонија во однос на евро-атлантските процеси и дека овие активности ќе имаат сериозен поттик доколку добијат поддршка од сите наши пријатели.

Во поздравниот говор на средбата, премиерот на Словенија, Миро Церар нагласи дека Република Македонија и Република Словенија отсекогаш ги поврзувало искрено пријателство и добри односи во сите области, на високо рамниште.

– Економските односи се добри, но сакаме уште повеќе да ги подобриме. Имаме потенцијал за интензивирање на соработката – истакна на пленарната средба на двете делегации премиерот на Република Словенија, Миро Церар.

Словенечкиот премиер како посебни значаен и како потврда на ова пријателство го истакна фактот дека голем број на студенти од Македонија учат на факулетите во Република Словенија.

Премиерот Церар ја искаткна целосната поддршка во ЕУ и НАТО аспирациите на Република Македонија и понуди конкретна помош и асистенција за овие процеси, во оваа фаза или во фазата на пристапните разговори со ЕУ.

Словенечката владина делегација, како придонес повеќе во поддршката на Република Македонија во евро-атлантските аспирации, ја сподели информацијата со македонската страна дека Република Македонија во Брисел ѝ даде нов поттик на групата земји челнки на ЕУ пријатели на Република Македонија за да се забрза овој процес во Брисел.

Во продолжение на средбата, министрите од двете страни ги информираа премиерите Заев и Церар за разговорите и за конкретните обврски што ќе бидат преземени за нови димензии на соработката меѓу Република Македонија и Република Словенија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дознај: Еве kои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина

Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за јавни патишта. Во неколку членови на овој закон опфатен е...

Девојkата сакаше да направи видео за повеќе лајкови и мислиме дека ѝ успеа

Колегите од „Мотика.мк“ успеаа да не насмеат со ова видео. Како што пишуваат тие, Идејата е видеото да ја направи популарна, можеби не како што...

Фатен е жив: Мажот кој дупчи гуми по Водно е сниман на камера

Повеќе сопственици на патнички возила последниве два месеци пријавиле во полициската станица Центар дека кога ќе станат наутро - откриваат дека гумите на нивните...

Го вртеше моторчето, па кравите го нападнаа: Лудa снимка која ќе ве насмее

Во продолжение видеа што ќе ве насмеат На социјалните мрежи постојано можеме да најдеме видеа со забавна и интересна содржина која ќе не насмее. Ние...

Ново Тикток видео: На наплатната рампа Скопје – Гостивар вади легитимација и минува без проблем (Видео)

Објавувањето на Тикток видеа од ваков тип во последно време е актуелно во нашата држава, па оттука се поставува прашањето - што конкретно ќе...
- Advertisement -